Опрема

  • Виртуелна приватна мрежа

    ВПН или Виртуелна приватна мрежа е мрежна конекција која Ви овозможува сигурна конекција со јавната мрежа. Со ВПН севкупниот мрежен сообраќај оди преку  безбеден виртуелен тунел.

    ВПН-от овозможува да се праќаат податоци од една приватна мрежа во друга приватна мрежа, кои пак се поврзани преку јавна мрежа (интернет). Ова е корисно за оние кои се надвор од својата команија, а имаат потреба да се конектираат на мрежата на својата канцеларија. Исто така ВПН-от се користи и за поврзување на повеќе филијали заедно. Може да се приспособи,  повеќе корисници кои се наоѓаат на различни геогравски места, лесно да се поврзат и да пристапат до потребните податоци. Пример банки, осигурителни компании со повеќе експозитури и слично.