Решението кое Ви е потребно за лесно подредување на Вашите проекти и презентирање на Вашата работа на посетителите на Вашата страна. Овој плагин нуди голем број на функционалности и опции за прилагодување на едноставен начин.
Категориите на проекти се поделени во табови, а секоја категорија може да содржи под-елементи. Проектите во една категорија може да имаат страничење, а бројот на прикажани елементи е конфигурабилен. За секој проект се одбира графичка репрезентација со која проектот се прикажува на корисниците. Во мени секцијата се одбира и мени темплејтот (единечен линк или неподредена листа).
Секој категорија покрај страничење, вклучува и опис во заглавие (header) и подножје (footer).
Сортирањето е истотака конфигурабилно, постои опција да се избере редот на сортирање на категориите и проектите (датум на креирање или реден број за приказ).
Текстот кој е прикажан во менито може да се промени (и локализира) заедно со описот во заглавието и подножјето.
Дополнително view со атрактивен интерфејс за приказ на одредени проекти.
Краток и долг опис за секој проект кој се уредува преку HTML едитор.
Долгиот опис на секој проект се прикажува како посебна страна при кликање на „Повеќе“.
Овој плагин е целосно локализибилен. За полесно прилагодување на различни јазици, во администрацијата е прикажана листа на потребните јазични ресурси.
Локализацијата на содржината е развиена во согласност со препораките од nopCommerce.
- Лесен за инсталација и конфигурација преку nopCommerce Admin панелот.
- Базиран на Mosaic, Isotrope и JQuery скрипти.
- Дополнителни надворешни view-а за презентирање на одредени проекти по избор.
- Можност за употреба на плагинот за било кој цел покрај Портфолио
- Сите јавни view-a кои се користат се надворешни, што значи дека може да се менува изгледот на самиот презентациски дел.
- Разни прилагодувања на изгледот и ефектите за анимација.
- Вклучува 1 година бесплатна поддршка и 1 година бесплатни надоградувања.
- Развиен во согласност со технолошките стандарди и насоки за кодирање на nopCommerce и Microsoft.
- Тестиран со сите главни прелистувачи.
Форум
Вклучете се! Дискутирајте и споделете ги Вашите искуства
тука.
Поддршка
Поставете прашања или пријавете проблеми на нашиот Help Desk.
Дознајте повеќе
Научете нешто повеќе за плагинот Портфолио и останатите производи од MediaDotCom Knowledge Base.