Close
Производители
Билтен
Email:

Плагин: Услуги


CMS функционалност за презентација на содржини во nopCommerce, како на пример услуги или артикли од друг вид.
Manufacturer: MediaDotCom

Објавување и уредување на содржина во nopCommerce не е лесна задача. Со плагинот Услуги тоа е целосно променето. Презентирањето на саканите информации се сведува на само неколку чекори.

Елементите се организирани во хиерархија од две нивоа, што овозможува категоризација на содржината. Краток опис може да се постави за елементите на двете нивоа, додека целосниот опис на под-елементите може да се прикаже како посебна страна (артикл) при кликање на линкот „Повеќе“. Изгледот истотака може да се менува - елементите може да се прикажат како листа или хармоника. Друга корисна функционалност е сортирање по разни параметри.

Администрацијата е прилично едноставна: секој елемент во соодветната листа е HTML кој може да се уредува во rich text editor. Па така, може да се постават текст, слики, видеа, flash итн. како содржина на елементот. Постои можност и за сетирање на текстот на заглавие и подножје на плагинот. Текстот на линкот во менито е променлив и локализибилен. На пример, ако содржината претставува листа на проекти, мени елементот може да се именува како „Проекти“ и да се постави во било која зона. Ако страната поддржува теми за мобилни уреди, може да се креира втора widget зона која ќе има специфична намена да го прикажува линкот кај мобилните уреди. Плагинот Услуги нуди ефикасна навигаиција - до секој елемент може да се пристапи од секогаш видливата листа за навигација или преку breadcrumbs функционалноста.

Овој плагин е целосно локализибилен. За полесно прилагодување на различни јазици, во администрацијата е прикажана листа на потребните јазични ресурси.

Локализацијата на содржината е развиена во согласност со препораките од nopCommerce.

- Лесен за инсталација и конфигурација преку nopCommerce Admin панелот.

- Можност за употреба на плагинот и за други цели освен за приказ на услуги.

- Две нивоа на хиерархија за организација на содржина.

- Предефинирани или custom widget зони - линк до плагинот може да се постави во повеќе зони.

- Rich-text editor кој овозможува стилизирање на содржината и додавање на слики, видеа итн.

- Навигација со користење на листа и breadcrumbs.

- Сортирање на елементи по неколку параметри.

- Мени текстот, заглавието и подножјето може да се уредуваат.

- Два типа на презентација на елементите.

- Разни прилагодувања на изгледот и ефектите за анимација.

- Вклучува 1 година бесплатна поддршка и 1 година бесплатни надоградувања.

- Развиен во согласност со технолошките стандарди и насоки за кодирање на nopCommerce и Microsoft.

- Тестиран со сите главни прелистувачи.

Форум
Вклучете се! Дискутирајте и споделете ги Вашите искуства тука.

Поддршка
Поставете прашања или пријавете проблеми на нашиот  Help Desk.

Дознајте повеќе
Научете нешто повеќе за плагинот Услуги и останатите производи од MediaDotCom Knowledge Base.
1.

Q: How do I use the Services plugin?
A: Please follow the tutorial in this document
2.

Q: What do I do if I find a bug?
A: Please report all bugs on this page.
Слика од nopCommerce 2.60
nopCommerce 2.60
* Домен    
$1,990.00 (USD)
:
Product tags
Оние кои го купија овој производ истотака купија